Моника Хулт: Ми треба телохранител од 2.700  евра за да ги спречам мажите да ми се пуштаат во теретана

Повеќето луѓе одат во теретана да вежбаат на мир, но ѕвездата на социјалните мрежи, Моника Хулт тврди дека не може да го прави тоа оти мажите и се пуштаат секогаш кога ќе влезе во теретаната па одлучила дека телохранителот е единственото нешто што ќе ги сопре, објавуваат американските и британските медиуми медиуми.

Хулт (38) оди во теретана најмалку пет пати неделно, но вели дека е “толку жешка” што додека таа ја ваја својата става во теретана, мажите се зафатени со обиди да флертуваат со неа и да и го привлечат вниманието помеѓу вежбите.

Таа призна дека иако го сака вниманието, сепак, понекогаш посакува само да може да продолжи со вежбите во мир, но, како што вели, нејзината убавина и пречи.

За да се избори против вниманието, Моника вели дека ќе дава по 2.500 евра  месечно за телохранител за да може да се појави без да ѝ се приближуваат.

“Вежбањето е супер важно за мене бидејќи го правам тоа не само за моето физичко здравје туку и за мојата ментална благосостојба. Ми се пуштаат најмалку еднаш секогаш кога одам на вежбање, а вежбам петпати во неделата и тоа може да биде исцрпувачки“, вели Хулт.

“Еднаш кога го гледав телефонот еден постар тип дојде кај мене и ми рече: Престани да ми праќаш пораки, не го донесов телефонот. Одговорив дека не му пишувам пораки, а тој потоа праша дали сакам”, додава Хулт.

Таа продолжи: “Се чувствувам добро кога знам дека ме сметаат за привлечна бидејќи немам најдобра самодоверба, но, поголемиот дел од времето сакам да останам сама за да можам да влезам и да излезам. Со задоволство би платила 3.000 долари (околу 2750 евра ) месечно за некој кој работи добро и може да ги исплаши луѓето”.

Смета дека нејзиниот телохранител треба да доаѓа со неа на вежбање оти веќе имала неколку страшни случки претходно.

Хулт, која живее во Аризона, САД, а родена е во Полска додава: “Имав ѕиркач претходно кој некако го најде мојот број. Типов ми пишуваше пораки и се претставуваше во туѓо име, еднаш како дамата која ми ги прави трепките, другпат како фотограф, па дури и доктор. Беше супер морничаво и морав да ги блокирам сите броеви од кои ми праќаше пораки. Тој беше само овој обичен човек”.

Моника Хулт која има профили на многу социјални мрежи, стана позната со објави за возрасни за време на пандемијата од Ковид – 19. Се доселила во САД во 2015 година откако била избркана од училиштетотово кое работела оти дознале за нејзината дополнителна работа како стриптизерка. Се борела да сврзе крај со крај и лансирала различни профили на социјалните медиуми.

Scroll to Top