Музички продуцент е обвинет за трговија со луѓе

Музичкиот продуцент Мали Мали е обвинет за трговија со луѓе. Обвиненијата против него ги поднеле три проститутки од Лас Вегас. Една од нив вели дека во 2006 година се јавила на оглас за работа во неговата компанија, а во описот на работата пишувало дека ќе биде хостеса. Но, таа од Тексас била одведена во Невада за да работи како проститутка.

„Кога бевме префрлени во Лас Вегас нѐ присилуваа да бидеме проститутки. Прво ни даваа 30% од парите што ги плаќаа клиентите, ама брзо останавме без пари, бидејќи сопственикот на агенцијата задржуваше сѐ“, стои во тужбата.

“Во тоа време, тој само што влезе во музичката индустрија, а всушност тргуваше со луѓе. Сакаше на сцената да се пробие како макро пред продуцентите”, наведува таа.

Стив Садоу, адвокатот на продуцентот чие вистинско име е Џамал Рашид вели дека обвиненијата се бесмислени. Мали Мали соработувал со Тајга и Снуп Дог, а во негов спот гостувала и Кармен Електра.

Scroll to Top