На убиецот на Џон Ленеон му го одбиле барањето за условна слобода

На убиецот на Џон Ленеон, Марк Дејвид Чапман, 11. пат му е одбиено барањето за условна слобода, пишуваат британските медиуми. Условот за пуштање на слобода тој го стекна во декември 2000 година. Тој на секои две години поднесува барање, но одборот постојано го одбива.

Одбивањето е со објаснување дека со тоа би се намалила сериозноста на злосторството, што никако не смее да се случи, а и некој би можел да го нападне за да му се одмазди за стореното дело.

Чапман е осуден на казна затвор од 20 години до доживотна робија затоа што го убил пејачот, композитор и основач на една од најпопуларните групи на сите времиња – „Битлси“. Тој го убил Ленон пред неговата зграда во Њујорк на 8 декември 1980 година.

Тој го убил Ленон неколку часа откако добил негов автограм на албумот. На сослушувањето во август 2018 година Чапман изјавил дека му е срам за тоа што го направил.

„Пред 30 години не можев да кажам дека чувствувам срам, но сега знам што е срам“, изјавил Чапман на 10-тото сослушување.

Тој додал дека како што минувале годините, тој сè повеќе и повеќе чувствувал срам. На сослушувањето раскажал што сè му минувало во главата на тој кобен ден, 8 декември 1980 година, кога дошол до автограмот на Ленон, а по неколку часа и го застрелал.

Тој објаснил дека се борел со одлуката дали да го убие или не затоа што Ленон бил љубезен кон него.

„Бев преоптоварен со таа идеја. Се сеќавам дека во главата ми проаѓаа мисли дека добив автограм на неговиот албум, дека ми го потпиша и дека треба да си одам дома. Но, немаше шанси само така да си заминам“, изјавил Чапман.

Убиството сега се смета за бесмислено и истакнува дека само барал популарност. Следното сослушување ќе се случи во 2022 година.

Scroll to Top