Најбогатиот човек во светот донира 100 милиони долари за бездомни семејства

Џеф Безос, основачот на „Амазон“ и најбогат човек во светот, донираше 100 милиони долари на организации кои им помагаат на бездомници. Безос во 2018 година го основаше фондот Bezos Day One во кој е вклучен проектот Day 1 Families. Секоја година фондот донира за 23 непрофитни организации кои им помагаат на семејствата без домови.

Годинава неговата организација избра 15 непрофитни организации кои добија грантови од 5 милиони долари, а останатите 9 добија по 2,5 милиони долари. Од основањето на организацијата, според проценките, Безос донирал 1,3% од неговото вкупно богатство, кое е проценето на скоро 112 милијарди долари.

 

Scroll to Top