Наместо луксузна гардероба, Армани произведува заштитни одела за лекарите

Светски познатиот дизајнер, Џорџо Армани, во своите фабрики во Италија веќе не шие луксузна облека, туку заштитни одела за здравствените работници. Тој се надева дека на овој начин ќе ги подобри условите за работа на лекарите и медицинските сестри кои се секојдневно во болниците и се борат за животот на илјадниците пациенти. Заштитните одела на Армани се за една употреба

„Џорџо толку многу ја сака модата, што и покрај илјадниците вработени во целиот свет, знае самиот да влезе во излогот и да ги „облече“ куклите за тоа да изгледа совршено. Денес, истиот тој човек ги трансформираше сите свои фабрики за луксузна облека во фабрики кои целосно ќе се посветат на доброто на здравствените работници и државата што се бори со короната. Не си голем според тоа колку пари имаш, туку, голем си заради добрите дела што ги правиш“, пишуваат италијанските медиуми.

Недоволниот број лекарски заштитни одела не е проблем само во Италија, туку и во целиот свет. орџо Армани, чија групација ги опфаќа брендовите „Џорџо Армани“ и „Емпорио Армани“, досефа донираше и 2 милиони евра за болниците во Италија, пишува „Мондо“.

Scroll to Top