Наместо на нашето дете, дајте ги подароците на сиромашните

Меган Маркл и принцот Хари, не сакаат подароци за своето дете, туку им порачале на сите кои сакаат да им честитаат со подарок наместо тоа да донираат за сиромашните деца.

“Војводата и војвотката на Сасекс се исклучително благодарни за огромната љубов и поддршка што ја добиваат во очекување на своето прво дете. Наместо да испраќате подароци, двојката ве поттикнува да донирате на избраните добротворни организации кои им помагаат на децата и на родителите кои имаат потреба. Ако веќе сте направиле донација, двојката срдечно ви се заблагодарува. Војводата и војвотката ги ценат вашите љубезни желби и ставови особено во овој среќен момент од нивниот живот. Ви благодарат за вашата возвратена љубов“, стпо во официјалнпото обраќање на Хари и Меган

Пред неколку дена, Маркл доби 97 мечиња и 146 книги и еден куп други подароци на поклоници по посетата на Австралија, Фиџи, Тонга и Нов Зеланд. Политиката на палатата ѝ овозможува на Меган да задржи дел од подароците, а другите да одат во добротворни цели. Кралската двојка раѓањето на своето прво дете го очекува пролетва, а најверојатно ќе добијат ќерка.

Scroll to Top