Не личам на себе и се кријам од сите, супермоделот Линда Евангелиста прозборе за третманите за подмладување кои и го изобличија лицето

Поранешниот супермодел Линда Евангелиста (56), вели дека нејзиното лице е брутално изобличено откако била на CoolSculpting, козметичка постапка за намалување на масните клетки. Таа била на третман пред пет години, и откри дека кај неа се појавиле негативните ефекти, па оттогаш не личи на себе и затоа се крие од јавноста.

Линда откри дека козметичката постапка наместо да ги намали, ги зголемила масните клетки на нејзиното лице. Таа тврди дека за оваа нуспојава не ја предупредил никој. Таа развила парадоксална хиперплазија на масното ткиво, што е редок и претходно непознат негативен ефект на криолиполизата. Тој е пријавен кај 0,0051% од 1,5 милиони процедури на CoolSculpting што се извршени во светот.

Евангелиста, која важеше за една од најубавите жени во светот во деведесеттите вели дека сега конечно ќе преземе правни мерки против клиниката и лекарот кој ја правел процедурата, иако поминале пет години.

За потсетување, Линда се сликаше за насловните страници за сите најголеми светски списанија и работеше модни ревии за најпознатите светски дизајнери. До неодамна беше еден од ретките модели кои можат да се пофалат со 30-годишна кариера во рамките на модната индустрија.

Scroll to Top