Нејмар побегна од Париз, никој не знае каде е

Најдобриот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Бразилецот Нејмар, одлучи да побегне од Париз и да се заштити од коронавирусот кој се повеќе зема замав во француската метропола.

Како што пренесуваат француските медиуми, тој најверојатно побегнал во Бразил со својот приватен авион. Таму заразата е на многу помало ниво.

Челниците на францускиот клуб не знаат каде во моментов Нејмар се наоѓа, затоа што фудбалерот на никого не му пријавил дека ќе замине. И останатите Бразилци во клубот исто така изразија желба да им дозволат да се вратат во својата татковина.

Scroll to Top