„Некој пробува да ме убие“- Објавен тајниот дневник на Мајкл Џексон

Книгата „Лош: Невидена истрага во прикривањето на вистината за Мајкл Џексон“ од новинарот Дилан Хауард, која излезе во продажба деновиве, содржи и дел од тајниот дневник на кралот на поп-музиката. Тука, Мајкл пишува за својот голем страв дека некој се обидува да го убие, а ја открива и неговата најголема желба, да биде бесмртен.

Новата книга првпат открива досега непознати детали за животот на Џексон. Покојниот музичар бил опседнат со идејата да стане бесмртен. Во својот таен дневник, тој пишува дека е изморен од размислување за тоа како да стане вечен, како што се Чарли Чаплин или Волт Дизни.

Истовремено, Мајкл бил постојано фокусиран на идејата да стане првиот мултимилионерски актер и режисер, оти неговиот таен дневник открива план според кој тој сакал да остварува неделен профит од дури 20 милиони долари. И да успее во ова, размислувал да одржи концерт со „Сирк де солеј“ и да склучува договори со брендови како што е Најк. Тој, исто така, сакал да направи римејк на филмовите „20.000 милји под морето“ и „Седмото патување на Симбад“.

„Ако не се концентрирам на филмот, нема бесмртност“, напишал Мајкл на страниците на својот дневник.

Во дневникот, Џексон пишува и за своите стравови дека некој сака да го убие.

„Имам чувство дека некој планира да ме уништи. Пробува да ме убие. Злите луѓе се насекаде. Тие сакаат да ме уништат“, напишал тој.

Според авторот, книгата е пишувана на тој начин да даде интимен увид во умот ѕвездата, опишан како зависник, бидејќи се подготвувал повторно да ја започне кариерата за последен пат и да ги исплати долговите, кои се натрупувале од ден на ден.

Мајкл почина 2009 година на 50-годишна возраст додека се подготвуваше за неговата турнеја „Ова е тоа“. Според аутопсијата, тој се предозирал со пропофол и бензодијазепин што му ги давал неговиот личен лекар Конрад Мареј.

Пред и по неговата смрт, Џексон беше обвинет за злоупотреба на деца, а најновите обвинувања излегоа во документарна серија „Напуштајќи ја Недојдија“ на авторите Вејд Робсон и Џејмс Сафечук.

Scroll to Top