Ник од „Бекстрит Бојс“ добил смртни закани од брат му Арон

Поранешниот член на популарната музичка група „Бекстрит Бојс“ Ник Картер за британски „Мирор“ изјавил дека добил смртни закани од неговиот помлад брат Арон.

Ник побарал судска забрана за Арон, кој не смее да им се приближи на помалку од 100 метри, ниту на пејачот ниту на неговото семејство во куќата во семејната куќа во Лас Вегас.

„По долго размислување, јас и мојата сестра побаравме судска забрана за Арон. Тој не смее да ни се доближи на помалку од 100 метри“, изјавил Ник.

Ник објаснил дека бил загрижен од однесувањето на Арон, кое на моменти станало вознемирувачко, особено кога ги добил смртните закани.

„Немавме избор. Мораме да се заштитм себе си и моето семејство“, објаснил Ник, кој се надева дека неговиот брат Арон ќе побара стручна помош.

„Го сакам мојот брат и искрено се надевам дека ќе ја најде помошта која му е потребна, пред да си наштети на себе си или на некој друг“, изјавил Ник.

На ваквиот потег Арон објаснил дека неговата намера не му било да нашети на никого, особено не на своето семејство.

„Шокиран сум од обвинувањата против мене. Јас не сакам да му наштетам на никого, особено не на моето семејство. Не можам да дозволам никој да ја превземе контролата врз мојот живот“, напишал Арон на социјалните мрежи.

Тој нагласил дека повеќе не сака да има никаква врска со неговиот брат и дека ќе се грижи само за себе.

„Ник, држи се подалеку од мене. Ќе си го вратам животот во нормала“, изјавил Арон.

Тој се прослави со преработка на хитот на „Бич Бојс“ Surfin, нешто по кое стана популарен. Тој подолг период се борел со зависноста со дроги и алкохол, а неодамна призна дека боледува од четири психички болести. Поранешната тинејџерска ѕвезда во американската телевизиска емисија The Doctors признал дека боледува од шизофренија, акутна анксиозност, манична депресија и биполарно нарушување.

Арон неколку пати имал и проблеми со законот. Ник и Арон и во минатото биле во кавга која била проследена од медиумите. Додека Ник му нудел помош на својот помлад брат, Арон сметал дека тоа го прави за себепромоција и постојано го одбивал.

 

Братот на Ник од „Бекстрит бојс“ призна дека боледува од четири психички болести

Scroll to Top