Николас Кејџ доби на комар 20.000 долари и ги подари на сиропиталиште на Бахамите

By

Во заеднички интернет-разговор за порталот „Интервју“, Николас Кејџ му се пофали на металецот Мерилин Менсон оти во една пригода со 200 негови долари добил 20.000 долари на коцка и сите ги подарил во хуманитарни цели.

„Последниот пат кога се коцкав беше пред околу 30 години. Бев на Бахамите, па влегов во едно казино и се чувствував како да ‘ја имам силата во мене’ – како ништо да не може да тргне наопаку. Мојата игра беше рулетот. Влегов со 200 долари и не утнав бројка. Дури и дамата која го вртеше тркалото рече: ‘Ништо послатко од повторувач’. За 20 минути претворив 200 долари во 20.000 долари, па излегов и најдов сиропиталиште на Бахамите, ги запознав сите деца и директорката и им реков: ‘Ова е за вас’. Ѝ ги ставив 20-те илјадарки во нејзината рака, си отидов и никогаш повеќе не се коцкав, бидејќи ако продолжев, тоа ќе ја уништеше моќта на тој миг“, раскажува актерот.

Оваа година обожавателите ќе можат да го погледнат Кејџ во акциониот филм „Џиу џицу“, чиешто прво прикажување е најавено за следниот месец.

Ќе ви се допадне