Нова сообраќајка направи синот на Анџелина и Бред Пит

Пакс Џоли-Пит предизвика нова сообраќајна несреќа додека возеше електричен велосипед во Лос Анџелес. Оваа сообраќајна несреќа се случила само шест месеци откако бил хоспитализиран поради повредите здобиени во претходната несреќа.

21-годишникот се движел со својот велосипед низ населбата Лос Фелиз кога удрил во страна на автомобил, оставајќи голема вдлабнатина на совозачката врата.

Според видеото кое кружи на социјалните мрежи, Пакс го возел велосипедот без раце пред да скршне и да удри во автомобил.

Потоа бил снимен како разговара со луѓето кои излегле од возилото за да ја видат штетата.

Медиумите ги контактирале претставниците на Анџелина Џоли за повеќе детали, но се уште не добиле одговор.

Сепак, Пакс изгледаше добро и продолжи да вози велосипед потоа.

За разлика од претходната несреќа, кога во јули минатата година се здоби со тешки повреди на главата, овој пат носел кацига.

Scroll to Top