Новата девојка на Бред Пит е во брак со 68-годишен маж

Манекенката Никол Потуралски, која е нова девојка на Бред Пит, е во брак со речиси четириесет години постар маж, 68-годишниот Роланд Мери. Роланд е милионер и сопственик на ресторанот во кој се запознале Бред и Никол, пишуваат светските медиуми.

Според „Дејли меил“, манекенката е во отворен брак и на нејзиниот сопруг не му пречи врската со актерот.

„Бред Пит ја запознал со Никол лани во август, во ресторанот на нејзиниот сопруг Роланд. Наводно, Бред него го познава со години затоа што е чест гостин таму. Кога дошол да ја прослави премиерата на неговиот нов филм, Роланд го запознал со Никол, а таа му го дала својот телефонски број. Бидејќи Никол патува многу поради работата, кога била во Лос Анџелес, му се јавила на Бред“, изјавил за „Дејли меил“ добро информиран извор.

Никол и Роланд го имаат седумгодишниот син Емилиј.

Роланд, сопругот на Никол

„Роланд беше оженет неколку пати и има пет деца. Тој не е негативен или љубоморен тип. Тој и Никол сè уште се во брак, но пријателите тврдат дека тоа е отворен брак“.

Бред неодамна беше сликан на аеродром како со приватен авион оди со Никол на одмор во Франција, каде што глумецот има замок. Тие се видени заедно и во Лос Анџелес.

„Тие се гледаат, уживаат во заедничкиот одмор“, изјави изворот на „Дејли меил“.

Scroll to Top