Обожавателите не може да го препознаат вистинскиот Двејн Џонсон, глумецот си го пронајде својот двојник

Полицаецот Ерик Филдс, од Алабама го привлече вниманието на јавноста, затоа што многу личи на холивудската ѕвезда Двејн Џонсон. Обожавателите велат дека не можат да откријат кој е вистинскиот холивудски глумец.

Ерик му го привлече вниманието и на популарниот актер со надимак „Карпата“, откако неговата слика почна за брзо да се споделува на интернет.

„Вау. Па ти си поголема фаца од мене. Чувај се брате и фала ти на службата. Еден ден ќе пиеме текила заедно, а морам да ги слушнам твоите „Рок“ приказни, затоа што знам дека ги имаш“, напиша Џонсон.

Ерик рече дека му ласкале споредбите, комплиментите и коментарите дека многу личи на холивудската ѕвезда. Во разговор за порталот AL.com, тој рече дека го викале „Карпата“ и Вин Дизел.

„Прифаќам, забавно ми е и ми ласка. Можеше да биде и полошо“, кратко коментираше полицаецот Ерик.

Scroll to Top