Од Трамп доби честитка за подарок, Меланија го прослави 50. роденден

Сопругата на претседателот на САД, Доналд Трамп, Меланија вчера го прослави 50-от роденден. Таа на нејзиниот „Твитер“ профил Firls Lady of The United States, доби честитка од Трамп.

„Среќен роденден Меланија, нашата сјајна прва дама“, ѝ напишал Трамп.

Меланија го прослави родеденот дома, поради пандемијата со опасниот вирус. По повод нејзиниот роденден, голем број американските таблоиди пишуваа за неа и нејзиното минато. Весниците се полни со голите фотографии од неа, кои таа ги направила пред да се запознае со Трамп. Медиумите пишуваат и за нејзината опсесија за скапи фустани.

Меланија Трамп некогаш била дизајнерка на накит и манекенка. На модните писти почнала да се појавува на 16 годишна возраст. Нејзината убавина и желба за успех ја однесоа до бројни европски градови, за да на крајот заврши во Америка. Сега е сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп.

За неа се пишува дека е една од најтаинствените и внимателни дами кои САД ги имало било кога.

Меланија е родена во местото во Словенија Ново Место. Нејзиното моминско презиме е Кнавс. Нејзиниот татко бил директор за трговија на автомобили во Словенија. По студирањето во Љубљана, Меланија заминала во Милано, па во Париз, каде работела за модни агенции. Во Њујорк се преселила во 1996 година, а само четири години подоцна го снимила едиторијалот за познатиот магазин „Спорт Илустрејд“.

Во меѓувреме се запознала со Трамп. Двајцата некое време ја криеле нивната врска од јавноста. Се венчаа во 2005 година на Флорида, а веќе една година подоцна им се роди синот Барон. Доналд од првиот брак со Ивана Трамп има три деца, Доналд Јуниор, Иванка и Ерика. Во вториот брак со Марло Маплес ја доби ќерката Тифани.

Пред две години Доналд го заборави нејзиниот роденден и заборави да ѝ купи подарок.

„Подобро да не зборувам за тоа затоа што би можел да си создадам сериозни проблеми. За роденден сеуште не и подарив нешто посебно. Немав време да купам подарок, добро?“, изјавил Трамп во телефонско интервју за американскиот медиум „Фокс њуз“.

Веќе долго се шпекулира дека бракот не им цвета, а авторката Кејт Бенет во книгата Free, Melania: The Unauthorized Biography, открила дека двојката има проблеми. Доналд и Меланија не спијат ниту во иста соба, ниту на истиот кат. Никогаш не ги минуваат ноќите заедно, а се шпекулира дека веќе со години, нивниот брак е на стаклени нозе.

Меланија речиси никогаш не смее да го прави она што таа сака. Без одобрение на агентите на Тајната служба, Доналд и Меланија не смеат да отворат ниту прозор, не можат да прошетаат по тревникот без тој дел да биде затворен и осигуран. Дури и температурата е регулирана од страна на безбедносните служби.

Тоа практично значи дека Меланија не може да го прилагоди ни термостатот како што и одговара. Сепак, таа не штеди на облеката. Минатата година на фустнаи потрошила околу 250.000 евра. Таа има вкус за модата, бидејќи работела во тој свет, а гласи и за првата американска дама која позирала гола.

Тоа се случило три гоини пред да се запознае со Трамп, кога фотографот арл Але Басевил ја снимил гола во кревет заедно со манекенката Ема Ериксон за едно француско машко списание.

 

 

Scroll to Top