Оливија Вилијамс ќе ја глуми Камила Паркер Боулс во петтата сезона на „Круна“

Британската глумица Оливија Вилијамс ќе ја глуми војвотката од Корнвол, Камила Паркер Боулс, во петтата сезона на хит-серијата „Круна“. Глумицата која има успешна театарска, телевизиска и филмска кариера ќе ја наследи улогата од Емералд Фенел, која ја глумеше Камила во четвртата сезона. Новата сезона ќе го опише најнестабилниот период од врската на Камила со принцот Чарлс, пред и по смртта на принцезата Дијана.

Според „Дејли мејл“, Вилијамс била и на тест за тоа дали постои филмска хемијата помеѓу неа и Доминик Вест, кој во следната сезона ќе го глуми принцот Чарлс.

Новата сезона ќе почне да се снима во јули, со комплетно нова актерска екипа во улогите на членовите на британското кралско семејство: Елизабет Дебицки е принцезата Дијана, Имелда Стонтон е кралицата, Џонатан Прајс е принцот Филип, а Лесли Менвил е принцезата Маргарет.

Scroll to Top