Оперската ѕвезда Ана Нетребко, најдобриот сопран на денешнината, е пренесена во болница во Москва поради пневмонија која настанала како компликација предизвикана од Ковид-19. Дека е во болница, оперската певица откри на „Инстаграм“.
„Се грижат за мене. Сѐ ќе биде ок. Брзо ќе заздравам. Ѓаволот не е толку лош како што се прикажува“, напиша Ана.
Таа и роденденот на 18 септември го помина во болница, а полнеше 49 години.
Нетребко вели дека штом почувствувала дека се разболува веднаш се изолирала, и покрај тоа што во тој период имала негативен тест на коронавирус. Нејзиниот сопруг, тенорот Јусиф Ејвазов, е исто така позитивен на Ковид-19, но е асимптоматски, а нивниот син е негативен.
Нетребко пред неколку дена пееше на повторното отворање на светски познатиот театар Бољшој, кој беше затворен во март поради пандемијата.