Опседната обожавателка на комичарот Пит Дејвидсон упаднала во неговиот дом

Мишел Мутреди, голема обожавателка на комичарот Пит Дејвидсон, пред неколку дена упаднала во неговиот дом на Стејтон Ајланд, седнала на масата во кујната и го чекала Пит да си дојде дома. Еден член од неговото семејство ја забележал непознатата девојка и веднаш повикал полиција, па таа била приведена, пипшува „Ти-ем-зи“.

Мишел (24) е обвинета за провала, демнење и малтретирање, а судот ѝ забрани контакт со комичарот и со уште тројца членови на неговото семејство кои живеат во неговиот дом.

Таа во полиција кажала дека ја видела отворена страничната врата до куќата, па така успеала да влезе незабележано. Мишел рекла и дека само сакала да го почека Пит за заедно да испијат кафе и дека немала лоши намери.

Сето ова се случило кратко откако Мутреди на социјалните мрежи почна да шири лажни информации дека се омажила за Дејвидсон и дека заедно основале продукциска куќа. Тогаш, адвокатите на Пит веднаш ја демантираа во јавноста.

„Ниту еден збор од тоа што го кажува девојката не е точен. Нашиот клиент нема идеја која е таа личност. Истражуваме и ги разгледуваме сите правни можности против неа“, рекоа адвокатите на Дејвидсон.

Мутреди тврдеше дека со Дејвидсон биле пријатели од детството, дека се венчале и заедно ја основале продукциската куќа Bodega Cats Presents.

Таа исто така пушти и лажна веб-страница со името на компанијата на интернет, но таа во меѓувреме е избришана. На страницата пишуваше дека Мишел дипломирала политички науки на Универзитетот во Рочестер во 2017 година и дека основала компанија со Дејвидсон со цел „да се зголеми разновидноста на понудите во забавната индустрија“.

Scroll to Top