Оскаровката Хелен Мирен сама избрка мечка од својот имот во Невада

By

Британската актерка Хелен Мирен, која ја минува пандемијата во изолирана куќа во американската држава Невада, откри дека неодамна имала блиска средба со дива мечка, која премногу се приближила до нејзиниот имот.

Таа говореше на виртуелната церемонија на наградите САГ, каде што презентира награда, па на настанот објасни: „Имав мала средба со мечка. Многу се вознемирив, се разбира дека не можете да дозволите мечки да се зближат со човечки суштества бидејќи тие се диви животни“.

Хелен откри дека пробала да го избрка животното велејќи му дека е непослушен мечок.

„Се гледаше дека е млад, па јас само викнав: ‘Непослушен, продолжи понатаму, оди си од тука’,“ рекла таа.

75-годишната Мирен е голем љубител на животни и неодамна изјави дека не оди во зоолошки градини бидејќи ѝ е непријатно да гледа животни во кафези.

Ќе ви се допадне

Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 7 at AnimeHeaven watch anime

Watch Banana Fish Episode 9 (https://kissanimeonline.com/m/wOvV/ep-9) at KissAnime kissanime down