Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше домаќин на традиционалната свеченост за осветлување на божиќната елка во дворот на Белата куќа – обичај што се одржува веќе 96 години.
„Ова е период во годината кога споделуваме радост со нашето семејство и пријателите. Да покажеме солидарност и добра волја кон нашата земја и сите наши заедници и да се заблагодариме за сета благосостојба во нашиот живот“, изјави Трамп во обраќањето на свеченоста.
За музичката програма на свеченоста беа ангажирани неколку пејачи христијани и оркестар на Американската армија.