„По напуштањето на Холивуд, имам мир“, вели Камерон Дијаз, која замина од филмската сцена

Актерката Камерон Дијаз се пофали дека нашла мир во душата кога го напуштила Холивуд. Разговорот со нејзината колешка Гвинет Палтроу беше пренесуван во живо на „Јутјуб“.

„Имам мир во душата зашто, конечно, можам да се грижам за себе. Чудно е, знам. Многу луѓе нема да го разберат ова. Ама знам дека ти ме разбираш“, ѝ рече Дијаз на Палтроу.

„Лошата наставничка“, се вика последниот филмски хит на Дијаз по кој таа соопшти дека е ослободена и од притисокот на јавноста.

„Когa работиш на филм, тие те поседуваат. Постојано те следат… Немаш време за ништо друго“, вели актерката.

По напуштањето на филмската сцена, Дијаз се омажи за Бенџамин Меден, а во јануари годинава тие ја добија и ќерката Радикс. Во меѓувреме, Дијаз лансира и свој бренд вино.

Scroll to Top