По уништувањето на бракот со Амбер, Џони Деп почнал да пие и да се дрогира, рече неговиот поранешен член од бендот

Холивудскиот глумец Џони Деп почнал да пие и да се дрогира, по разводот со неговата поранешна сопруга глумицата Амбер Херд. Ова го тврди неговиот близок пријател и поранешен колега од бендот, Били Беано Ханти.

Тој во новиот документарец за Деп, Johnny vs Amber, вели дека уште на почетокот знаел дека од тој брак немало да биде ништо, затоа што таа била двојно помлада од него.

„Девојката имаше 25 години и беше двојно помлада од него. Веднаш знаев дека од тоа нема ништо да биде. Таа му ја уништи кариерата, животот. Го чинеше пријатели, дела, па дури и семејството“, рече Ханти, кој иако застана на страната на Деп, рече дека глумецот можел да биде малку попустлив кон Амбер, но и со неговата поранешна сопруга Ванеса Парадајс.

„Тој имаше нешто посебно со Ванеса и успеа да го уништи тоа. Навистина е штета како сето тоа заврши“, рече Ханти и додаде дека Парадајс била идеална за Деп. Тој ја нарече жена каква што еден маж само може да сонува.

За потсетување љубовниот живот на Деп стана главна тема по пропаднатиот брак со Амбер, а во јавноста се ширеа гласини дека тој под влијание на дрога и алкохол ја тепал глумицата. Голем број од фановите го осудија, но, имаше и такви кои го поддржаа.

Споменатиот документарец се занимава со конфликтот меѓу глумецот и неговата поранешна сопруга, но и правните случаи кои следеа потоа. Деп и Амбер се запознаа во 2011 година на снимањето на филмот „Порториканска ноќ: Дневникот на опивање“. 4 години подоцна тие се венчаа, а по само 15 месеци таа поднесе барање за развод и побара од судот да му забрани да ѝ се приближи. На крајот го обвини за физичко злоставување кое тој го демантираше.

Scroll to Top