Памела Андерсон чека бебе со новиот сопруг

Глумицата и поранешна плејбој зајaчица, Памела Андерсон, чека дете со новиот сопруг, нејзиниот некогашен телохранител, Ден Хејхурст. Двојката се венчаше пред еден месец, а сега медиумите пренесуваат дека таа е бремена.

Извор близок до актерката вели дека Памела не ја планирала венчавката, ниту пак да роди уште едно дете, но дека е среќна поради тоа што и се случува во животот. Тој вели дека Памела сметала дека две деца се доволни за неа, но сега е среќна затоа што повторно ќе стане мајка.

„Не е во цветот на младоста и не планираше уште едно дете. Отсекогаш велеше дека две деца се идеални за неа. Но, среќна е и се радува поради тоа што повторно ќе помине низ фазите на мајчинството“, вели изворот.

Памела неодамна се омажи за својот телохранител за кого вели дека го засакала за време на карантинот поради коронавирусот.

Памела Андерсон се омажи за својот телохранител

Scroll to Top