Поранешната американска глумица Памела Андерсон се заљуби во својот телохранител, пишуваат светските таблоиди. По послената нејзина врска со продуцентот Џон Петерс, брак кој траеше само 12 дена, таа сега е во врска со Ден Хејхурст.
„Двајцата се заедно веќе подолго време. Памела е среќна со него. Беа заедно додека траеше пандемијата со коронавирусот. Тој и помага и го поправа нејзиниот дом во Ванкувер“, открива извор, близок до глумицата.