Памела Андерсон вели дека би постигнала подобар договор за брегизт од Тереза Меј

Поранешната актерка во серијата „Чувари на плажа“, Памела Андерсон вели дека таа би постигнала подобар договор за Брегзит, од оној кој го постигнала британската премиерка Тереза Меј со челниците на ЕУ.

Памела договорот кој го постигнала Меј го нарекла глупав. Таа за њујоршкиот магазин „Џакобин“, вели дека Европската унија би требало темелно и фундаметално да се реформира, за да и самата ЕУ го поддржи Обединетото Кралство во обидите да се создаде алтернативна Европа“, пренесува politico.eu.

Памела смета дека Тереза Меј одбира погрешен правец и дека прибегнувањето кон националистичкото тежнеење не е алтернатива. Единствениот пат кон слободата е заедничката борба на непривилегираните смета Памела ѝ тука ги вклучува и странските работници.

„Догоорот кој го предложи Тереза Меј не нуди таква алтернатива. Се шегував кога реков дека сум убедена дека јас ќе постигнев подобар договор и подобри услови од овој глупавиов кој го направи Тереза. Па јас преговарав со Холивуд со години. Мислам дека би се снашла и со Мишел Барније, (главниот преговарач на ЕУ за Брегзит)“, изјавила Памела Андерсон.

Поранешниот „Плејбој“ модел вели дека во последно време станала исклучително политички отворена. Пред одржувањето на претседателските избори во Франција, Памела го поддржала кандидатот на левицата Жан-Лук Меланшон, а Тереза Меј ја окарактеризира како најлошата премиерка во историјата на Британија.

Памела исто така неодамна се произнесе ѝ за случајот со отфрлената молба за ослободување од кривично гонење на основачот на „Викиликс“ Жулијан Асанж. Медиумите отидоа дотаму што пишуваа дека Асанж бил во љубовна врска со Андерсон.

Scroll to Top