Памела го бодреше Рами од трибините на мечот со Белгија

Иако актерката Памела Андерсон (51) не зборувала премногу често за своето момче, францускиот фудбалер Адил Рами (32), таа синоќа навивала за него на стадионот во Санкт Петербург, каде што играше против Белгија на Светското првенство.

Андерсон на трибините била со пријателка, со која внимателно го следела мечот, а нејзиното воодушевување не можела да го скрие во 51. минута кога Самуел Умтити го постигна победничкиот гол кој Французите ги однесе во финалето, каде што ќе играат со победникот од вечерашниот меч меѓу Англија или Хрватска

Андерсон сѐ почесто се наоѓа на трибините на мечевите што ги игра Адил, а се зборува и дека ќе присуствува на големото финале.

„Фантастичен е. Го сакам и го сакам тоа што тој ужива во испробувањето нови работи“, изјавила таа и додала дека не ѝ е проблем да облече нешто што му се допаѓа на нејзиниот фудбалер.

„Не би требало да зборувам за сексот, знам. Но, што да правам кога сум таква, немам кочници“, вели Памела. Таа неодамна гостувала во шоуто Life Stories, каде што на водителот Пирс Морган (53) му открила некои детали од поранешните врски.

 

Scroll to Top