Памела пак во љубов со 18 години помладиот фудбалер Рами

Најпознатата плејбој-зајачица Памела Андерсон ја обнови љубовната врска со 18 години помладиот француски фудбалер Адил Рами, пишуваат медиумите.

Врската на Памела со Рами не ја одобруваат нејзините пријатели, пренесува ТМЗ.

Најпознатата русокоса на светот и францускиот фудбалер турбулентната љубовна врска ја почнаа пред две години, и досега повеќепати се разделуваа.

Последен пат Памела го откачи Рами кога тој ѝ предложи брак, но истовремено одбил да се откаже од ноќниот живот.

„Нејзините пријатели не го сакаат Адил и свесни се дека Памела не е среќна со него. Таа врска е преполна со проблеми, но таа е вљубена и одбива да ги види“, изјавил извор близок на Памела.

Scroll to Top