Паоло Малдини и неговиот син Даниел се заболени од коронавирус

Италијанската фудбалска легенда Паоло Малдини со неговиот осумнаесетгодишен син Даниел биле позитивни на коронаирусот, објавија од клубот Милан, каде Малдини играше, а сега работи како технички директор.

„Паоло и Даниел се добро и поминаа две недели во домашен карантин, без да бидат во контатк со другите“, пишува во соопштението кое беше испратено до јавноста.

„Двајцата ќе останат во карантин се додка клинички не заздрават, како што предвидува медицинскиот протокол од здравствените авторитети“, објаснуваат од клубот.

Малдини (51) се смета за еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Има освоено пет пехари Лига на Шампиони, со Милан и одиграно 647 натпревари.

Покрај Малдини, позитивен на коронавирус бил и играчот на Јувентус Пауло Дибала. Во италијанското фудбалско првенство, „Серија А“, освен Дибала, заразени се и Ругани и Матуиди од клубот Јувентус. Позитивни се и играчите на Фиорентина Патрик Кутроне.

Италијанските власти денеска информираа дека во последните 24 часа, во Италија од коронавирусот починале 793 луѓе, а вкупниот број на заразени е над 53.000

Scroll to Top