Парис Хилтон гола најави дека е подготвена да се венча

Богатата наследничка Парис Хилтон неодамна објави романтична свршувачка со актерот Крис Зилкa, а се чини дека е возбудена поради скорешната венчавка.

Парис на „Инстаграм“ ги почести милионите обожаватели со фотографија на која е целосно гола, а нејзиното тело е покриено со сребрена лента заврзана во јазли.

Во прашање е модно снимање, а интересен е коментарот на Парис.

„Подготвена да го заврзам јазолот“, напишала таа.

Се разбира, ова се однесува на нејзината венчавка за која датумот сè уште не е познат во јавноста, но како што стојат работите, ќе биде многу брзо. Со оглед на тоа дека за својот 21. роденден имала дури пет забави, славната богаташка изјавила дека за венчавката би можела да има „европска, американска и уште една свадба за луѓето од целиот свет“.

Парис и Крис се во врска една година. Крис ја побарал за сопруга на скијање во Аспен, а пресреќната русокоса веста веднаш ја објави на социјалните мрежи.

Огромниот прстен на нејзината рака вреди 2 милиони долари.

 

 

 

Scroll to Top