Пејачката Ели Голдинг стана мајка

Пејачката Ели Голдинг стана мајка. Таа и нејзиниот сопуг Каспер Џоплин, добија ќерка, која е нивното прво дете.

„Мајката и бебето се здрави и среќни. Неизмерно сум благодарен“, напиша Каспер на инстаграм и откри дека 34-годишната пејачка се породила на 2 мај. Тој побара од фановите и од медиумите да ја почитуваат нивната приватност и покрај тоа што заради кариерата на Ели, таа е постојано во центарот на вниманието на јавноста.

„Само така ќе можеме навистина да уживаме со нашата ќерка“, напиша Каспер.

Пејачката и нејзиниот маж долго ја криеја бременоста од јавноста. Тие во февруари открија дека ќе станат родители. Двојката е во брак од 2019 година.

 

Scroll to Top