Пејачката на „Пусикет долс“ чека бебе

Пејачката на „Пусикет долс“, Џесика Сута, е бремена со првото дете. Таа на „Инстаграм“ откри дека со сопругот Мајки Маркарт ќе станат родители.

„Ова е толку возбудливо време во мојот живот и јас сум многу среќна што го споделувам со сите вас. Бременоста е еден од најубавите настани во мојот живот. Иако во моментот не можам да настапувам со ‘Пусикет долс’, ќе продолжам кај што застанав, веднаш по завршувањето на пандемијата, зашто сега мора да размислувам и за моето бебе“, вели пејачката.

Џесика е во брак со Мајки од 2019 година.

Scroll to Top