Пеле хоспитализиран во болница во Париз

Некогаш најдобриот фудбалер на светот, популарниот Бразилец Пеле, е со нарушено здравје. Едсон Арантес до Наскименто, подобро познат како Пеле, синоќа бил хоспитализиран во болница во Париз.

Седумдесет и осумгодишниот спортист не се наоѓа во животна опасност, велат лекарите кои биле задолжени за неговото здравје, пишуваат светските медиуми.

Пеле во болница завршил превентивно. Тој имал висока температура, а неговиот портпарол изјавил дека неговиот клиент во моментов не е во можност да ја коментира состојбата за неговото здравје.

Според последните информации, Пеле во болница ќе остане и во наредните неколку денови.

Scroll to Top