Пешкирот од последниот натпревар на Коби Брајант продаден за 33.000 долари

Пешкирот што на себе го имаше легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, кога одржа проштален говор по неговиот последен НБА натпревар, се продаде на аукција за 33,000 долари.

Според „Си-Ен-Ен“, купувачот е голем обожавател на Лејкерс и тој ја има најголемата колекција на меморијали од овој клуб, а сонува да создаде музеј за ЛА Лејкерс во Јужна Калифорнија.

Коби последниот натпревар го одигра на 13 април 2016 година. Говорот го заврши со фразата „Мамба се одјавува“ (Mamaba out), која потоа стана култна реплика на кошаркарските фанови. Кога тој си заминувал од салата по неговиот проштален говор, еден од навивачите му го зема пешкирот кој му беше на рамената. Истата година, навивачот го продаде пешкирот на аукција за 8.365 долари.

За потсетување, Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари. Во несреќата загина и неговата ќерка и седум други лица.

Scroll to Top