Американската ѕвезда Пинк ќе ја плати казната на женската репрезентација на Норвешка, откако ракометарките одбија да играат во бикини-гаќички на Европското првенство во Бугарија. Таа ја обвини Европската ракометна федерација за сексизам и рече дека е горда на спортистките што се спротивставиле на правилата на федерацијата.
„Горда сум на норвешките ракометарки кои протестираа против сексистичките правила што важат за нивните тимови. Европската ракометна федерација треба да биде казнета за сексизам. Одлична работа, девојки. Јас ќе бидам среќна да ви ја платам казната“, напиша Пинк на „Твитер“.
За потсетување, ракометарките на Норвешка бараа Федерацијата да им дозволи да играат во кратки панталони, наместо во бикини. Откако не добија одговор на нивното барање, решија сепак да излезат на теренот во кратки панталони, по што секоја ракометарка доби казна од 150 евра, односно 1.500 евра за целиот тим.
(Видео) Норвешките ракометарки не сакале да играат во бикини-гаќички па ги казнија со 1.500 евра