Пипа Мидлтон чека бебе

Откако лани во декември се појавија шпекулаци дека Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт Мидлтон, го чека своето второ дете, сега нејзината мајка ја потврди веста. Пипа е мажена со Џејмс Метјус од 2017 година и веќе го имаат синот Артур.

„Се надевам дека ќе се гледам повеќе со моето семејство отколку што успеав лани, вклучувајќи го тука и моето ново внуче“, рекла Керол Мидлтон во интервју за „Добро домаќинство“.

Таа додала дека сака да поминува што е можно повеќе време со нејзините внуци. Освен Артур, кој е син на Пипа, Керол е баба и на децата на Кејт и Вилијам, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

 

Scroll to Top