По 11 години, Софија Лорен повторно на филм

Глумицата Софија Лорен, по 11-годишна пауза, повторно ќе глуми во филм, пишува „Гардијан“. Нејзината последна улога беше во филмот „Мојата куќа е полна со огледала“.

Лорен ќе глуми во драмата на „Нетфликс“, The Life Ahead, чиј режисер е нејзиниот син Едоардо Понти.

„Кога синот ми ја понуди улогата, тоа беше како остварување на мојот најголем сон. Не размислував долго за да ја прифатам или не“, изјавила Лорен.

Во филмот Софија ќе ја глуми госпоѓата Роуз, Еврејка што го преживеала холокаустот. Таа ќе помага во одлгедувањето деца на проститутки, со кои некогаш шетала на улиците. Ќе се сретне со 12-годишниот Момом, сираче што ќе се обиде да ги украде свеќниците.

„Уживам во улогата на госпоѓа Роуз. Таа е силна, а сепак толку кревка. Таа е борец и од многу прични ме потсетува на мојата мајка“, открива Софија.

Ова ќе биде втора адаптација на романот на Ромен Гари по филмот од 1977 година, кој го доби името по главниот лик, а во него глумеше Симоне Синорето. Светската премиера ќе биде во октомври во Рим, а на „Нетфликс“ ќе биде достапен еден месец подоцна.

Софија Лорен својот прв „Оскар“ го освои во 1961 година за улогата во филмот La Ciociara, а се шпекулира дека сега ѝ се смешка номинацијата за уште една статутетка. Софија досега двапати има работено со својот син.

Scroll to Top