И покрај тоа што се во брак 23 години, сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, призна дека тие се само познаници и дека воопшто не го познава човекот со кој е мажена. Заради пандемијата со короната, Џејда морала да биде во домашна изолација со нејзиниот маж и целото време да го поминува заедно со него.
„Ова е многу голем предизвик. Принудени сте да гледате на нештата поинаку, да ги прифатите какви што се навистина. Вил не е човекот што мислев дека е. Јас воопшто не го познавам својот маж“, рекла Џејда.
Таа вели дека мора да се справи со таа реакција и дека ѝ е тешко да прифати дека не го познава вистински Вил, иако се во брак од 1997 година. Иако нивниот брак не е совршен, таа вели дека сепак постои љубов.
„И двајцата бевме подготвени да се ослободиме од сите идеи што луѓето ги имаа за нас и нашиот брак, што воопшто не е совршен. Ова е нашата вистина и можете да ја земете или да ја оставите, но така е. Јас него и понатаму го сакам“, рекла Џејда.