По 38 години врска, Курт Расел и Голди Хоун се разделуваат

Холивудската двојка Курт Расел и Голди Хоун е една од најдолговечната во Холивуд, но нивните проблеми започнаа, откако минатата година наводно одлучиле да се венчаат.

Нивната врска трае веќе 38 години. Заедно се уште од 1983 година и велат дека намерно не сакале да се венчаат, затоа што мислеле дека тоа ќе им ја уништи врската.

Дури во неоклку наврати се фалеле дека врската им е успешна поради тоа. Двајцата синовите 34 годишниот Вајат и 41 годишниот Бостон. Магазинот Globe минатата година објавил дека двајцата одлучиле тајно да се венчаат, но до тоа не дошло, затоа што нивниот однос почнал да се влошува.

Извор близок до нив двајцата отрил дека по низата кавги кои ги имале, тие ја откажале венчавката.

„Откако одлучија да се венчаат, почнаа да се расправаат за сè и сешто“, изјавил изворот и објаснил дека Голди сакала на венчавката да се свири индиска музика, додека Курт сакал да ги слуша The Beach Boyse. За време на карантинот, Голди почнала да се однесува и психички нестабилно, додека Курт со неа доживеал вистинска ноќен кошмар, открива изворот.

„Не поминувал ни еден ден, а Голди да не изведела некаква драма. Секој ден плачела“, вели изворот и открил дека тоа била причината поради која Курт не сакал да се венча со неа.

Во една од нејзините изјави Голди открила дека бракот не функционирал за ниту еден од нив.

„Сметавме дека не мораме да се венчаме. На крајот кога ќе погледнеш, бракот се сведува на тоа да стане еден голем бизнис“, изјавила таа.

Scroll to Top