По осум години од смртта, се појави нова песна со гласот на Ејми Вајнхаус

По осум години од смртта на пејачката Ејми Вајнхаус, на „Јутјуб“ е објавена песна во изведена од Салам Реми, а на која гостуваат Неш и Ејми.

Песната се нарекува Finf My Love, и требало да биде објавена на наредната компилација на Салам Реми Do it for the Culture 2. Странските медиуми пишуваат дека песната е снимена во 2011 година, краток период пред смртта на Ејми. Салам Реми со Ејми работел на нејзиниот албум Back to Black и Frank.

„Работата со пријателите е најдобриот дел од уметничкото создавање. Нес и Ејми, со оглед на тоа дека со години беа мои најдобри креативни партнери, направија фантастична песна“, изјавил Реми.

Непосредно пред смртта на Ејми нејзиниот посхуман албум, Lioness: Hidden Treasures, колекцијата до тој момент на необјавени песни и демо снимки, се нашла на врвот на музичките листи во Велика Британија. Албумот доживеал најголема продажба во првите седум дена, пренесува „Би-Би-Си“.

Пејачката Вајнхаус почина на 23 јули 2011 година, на 27 годишна возраст.

Scroll to Top