По пет дена потрага, најдена е британската глумица Тања Фир

Британската глумица Тања Фир (31), која исчезна во четвртокот во Лос Анџелес, е најдена по пет дена потрага, пренесува „Би-би-си“. Таа е жива и здрава, а нејзиното семејство им се заблагодари на сите кои помогнаа во потрагата.

Засега полицијата не објави повеќе детали за нејзиното исчезнување. Познато е само дека таа во моментов е во болница и дека нема физички повреди. Тања се прослави во култната серија „Доктор Ху“, во која ја глумеше доктор Џејд Мекентајер.

Неодамна се преселила во Лос Анџелес, за како што рече да се проба на американскиот пазар. Полициската управа во Лос Анџелес го прогласила случајот за решен, но, многумина и понатаму се загрижени за младата британска глумица и се надеваат дека сè е во ред со неа.

Scroll to Top