Канадскиот пејач Џастин Бибер, по пет години пауза првпат снима нова музика. Популарниот пејач вели дека му било тешко да се врати во студио по долгата пауза.
„Се соочував со многу стравови. Се плашев околу тоа за што да говорам и како тоа другите ќе го протолкуваат… Почнав да се споредувам и со други уметници“, рекол Бибер за „Епл мјузик“.
Бибер денеска го издава албумот Changes, прв од 2015 годинa. Поп-ѕвездата досега има објавено четири албуми – Мy Wоrld 2.0, Under the Mistletoe, Believe и Purpose. Добитник е на повеќе Греми музички награди.
Бибер лани се венча со манекенката Хејли Болдвин. По свадбата тој откри дека страдал од депресија, се рехабилитираше од дрога и призна дека боледува од лајмска болест.