Почина актерот Питер Сколари по двегодишна борба со ракот

By

Актерот Питер Сколари почина на 66 години по двегодишна борба со ракот.

Сколари е најпознат по улогите во сериите „Босом бадис“, каде што глумеше со Том Хенкс, и по хит серијата „Грлс“ на Ејч-би-о, за која доби Еми за извонреден гостувачки актер.

Во текот на неговата кариера, Петар беше четири пати номиниран за Еми награда. Се појавил во бројни серии и филмови.

„Денес почина Питер Сколари, еден од најзабавните актери со кои сум работел. Едноставно беше прекрасен“, напиша продуцентот Роберт Кинг на Твитер.

„Многу сум тажен што Питер Сколари ја загуби битката со ракот“, напиша актерот Харви Фирштајн.

Ќе ви се допадне