Почина актерот Рутгер Хауер

По кратко боледување на 75-годишна возраст почина славниот актер Рутгер Хауер. Трагичната вест во јавноста ја потврди неговиот агент, кој изјавил дека Хауер починал во петокот во родната Холандија.

Хауер починал во својот дом во холандското село Битстерсвааг на 19 јули и е погребан во средата без голема медиумска помпа.

Хауер се прослави во улогата на култниот филм „Блејд Ранер“, од 1982 година. За улогата во остварувањето Escape From Sobibor“, Hauer во 1988 година бил награден со „Златен глобус“.

Актерот играл во повеќе од 100 филмови. Беше најпознат по улогите на негативец. Во родната земја е одликуван со титулата Витез од редот на холандскиот лав.

На неговата официјална веб-страница на интернет е објавено дека зад него останале сопругата Инеке тен Кате со која бил во брак 50 години, и ќерката Ајша Хауер која ја добил во бракот со Хајди Мерз.

 

Scroll to Top