Почина Брус Вилијамсон, пејачот на групата „Темптејшнс“

Поранешниот пејач на легендарната група „Темптејшнс“, Брус Вилијамсон, почина на 49 години од компликации од коронавирусот. Пејачот почина во неговиот дом во Лас Вегас, пренесуваат американските медиуми. Вилијамсон бил член на групата од 2006 година до 2015 година.

„Нема зборови кои можат да опишат како се чувствувам сега. Те сакам, тато и ти благодарам што беше предобар и полн со љубов. Ти благодарам што беше тоа што си. Се молам на Бога и повторно ќе се сретнеме“, напиша неговиот син на социјалните мрежи.

Групата „Темптејшнс“ е основана во 1960 година во Детроит, а нивните хитови ги вклучуваат песните My Girl, Ain’t Too Proud To Beg, The Way You Do The Things You Do и You’re My Everything.

Scroll to Top