Почина глумецот Бен Крос

Британскиот глумец Хари Бернард „Бен“ Крос почина по кусо боледување во Виена, Австрија, на 72 години. Веста за неговата смрт ја соопшти неговата ќерка на „Фејсбук“.

„Ја споделувам оваа вест со скршено срце, дека мојот драг татко почина пред неколку часа. Тој беше болен веќе некое време, но неговото здравје се влоши последниве неколку недели“, напиша таа.

Крос е најпознат по улогата на британскиот олимпиец Харолд Ејбрамс во оскаровскиот филм „Огнени кочии“. Тој е роден во Лондон, Англија, 1947 година. Дипломирал на Кралската академија за драмски уметности во Лондон.

Scroll to Top