Холивудската легенда Ед Аснер, почина на 91 годна. Добитникот на седум Еми награди, стана ѕвезда во 70-те години преку ликот на ужасниот, но симпатичен новинар Лу Грант, во хит комедијата „Шоуто на Мери Тајлер Мур“.
Аснер освои три Еми награди за „Шоуто на Мери Тајлер Мур“ и две награди Еми за најдобар актер во серијата „Лу Грант“. Освои и Еми за улогите во минисеријата „Богат човек, сиромав човек“ и „Корени“. Имаше повеќе од 300 улоги на филм и телевизија.
Тој за Асошиејтед прес во 2009 година рече дека е тешко да се дојде до интересни улоги и дека затоа повеќе ги одбива отколку што ги прифаќа.
„Никогаш не добивам доволно работа“, рече тој. „Тоа е историја на мојата кариера. Едноставно нема што да одбиете, дозволете ми да го кажам тоа така “.
Како претседател на еснафот на актери, либералот Аснер беше вклулен во политичката полемика во 1982 година, кога зборуваше против вмешаноста на САД во репресивните влади во Латинска Америка. Неговата серија „Лу Грант“ беше откажана за време на скандалот што следеше .
„Излегов да се пожалам за постојаното вооружување и зајакнување на нашата војска во Ел Салвадор, кои го угнетуваат својот народ“, рече тој.
По ова, Чарлтон Хестон и други глумци го обвинија дека дава не-американски изјави и дека ја злоупотребил својата позиција како шеф на нивниот синдикат на актери.
„Имавме дури и закани за бомби во тоа време. Имав вооружени чувари “, откри Аснер во едно интервју.
Аснер остана политички активен до крајот на својот живот и во 2017 година ја објави книгата Тhe Grouchy Historian: An Old-Time Lefty Defends Our Constitution Against Right-Wing Hypocrites and Nutjobs.
Тој беше женета двапати, со Ненси Лу Сајкс и Синди Гилмор, и имаше четири деца, Метју, Лиза, Кејт и Чарлс.