Почина Иан Холм, ѕвезда на филмот „Господарот на прстените“

Познатиот британски актер и ѕвезда на трилогијата „Господарот на прстените“, сер Иан Холм, почина на 88 години по долгата борба со Паркинсоновата болест.

Тој беше награден со почесна титула за актерскиот придонес. Публиката најмногу го памети како Билбо Багинс од познатата сага за хобитите, како свештеник од футуристичкиот филм на Лук Бесон, „Петтиот елемент“, од филмот „Вонземјанин“, но и по улогата во филмот „Огнени кочии“, за која во 1981 година беше номиниран за Оскар.

Претставник на актерот потврди дека Холм починал во болница во Лондон.

„Тој почина мирно во болницата, со семејството и негувателите. Шармантен, љубезен и многу талентиран, ќе ни недостасува“, стои во соопштението.

 

Scroll to Top