Почина легендарниот тапанар Рони Тут, најблискиот соработник на Елвис Присли

Легендарниот тапанар Рони Тут, кој важеше за најблизок музички соработник на Елвис Присли, почина на 83 години, објави неговата ќерка Тери.

„Со голема тага ве известувам дека јас и моето семејство го загубивме нашиот сакан татко. Легендарниот тапанар Рони Тут ја напушти зградата. Почина во својот дом, опкружен со семејството“, напиша таа на Фејсбук.

Роден е во Тексас. Својата кариера ја почнал многу рано, а најпознат е како тапанарот на бендот на Елвис, „ТЦБ“ од 1969 до 1977 година, до смртта на Присли. Одел на турнеи со Нил Дајмонд, а свирел и со Џони Кеш, Кени Роџерс, Стиви Никс, Елвис Костело.

Директорите на Грејсленд, поранешниот имот на Елвис, исто така, ја објави веста за смртта на Рони Тут.

„Сите ние во Elvis Presley Enterprises бевме длабоко погодени кога дознавме за смртта на Рони Тут. Освен што беше легендарен тапанар, тој беше и добар пријател за многумина од нас овде во Грејсленд. Уживавме секој пат кога ни се придружуваше тука за да ја прославиме Неделата на Елвис, роденденот на Елвис и многу други специјални прилики“, стои во соопштението.

 

Scroll to Top