Почина Монти Норман, композиторот на оригиналната музика за Џејмс Бонд

Британскиот композитор Монти Норман, авторот на оригиналната музичка тема за филмовите за познатиот агент 007 Џејмс Бонд, почина на 95 години.

„Со голема тага ја споделуваме веста дека Монти Норман почина на 11 јули 2022 година, по кратко боледување“, се вели во објавата на официјалната страница на композиторот.

Норман ја сними музиката за првиот филм за Џејмс Бонд од 1962 година „Доктор Но“ со Шон Конери во главната улога. Меѓутоа, таа музика не ги убедила продуцентите, па тие побарале од Џон Бери да ја компонира музиката за филмот. Бери, кој ја направи и музика за култниот филм „Полноќен каубој“ само ја коригирал оригиналната тематска музика, а потоа барал авторски права.

Во 2001 година, на Норман му беше досудена отштета на судењето од „Сандеј тајмс“, кој му ја припиша неговата музика на Бери. Норман добил околу 48.000 евра од весникот како компензација за статија објавена во октомври 1997 година.

Уметникот компонираше и напиша песни за музичарите Клиф Ричардс и Томи Стил, како и за мјузикли.

Scroll to Top