Познатиот чешки филмски и театарски режисер, оскаровецот Јиржи Менцел, почина на 82-годишна возраст, објави вчеравечер неговата сопруга Олга на својата фејсбук-страница.
Менцел се прослави со својот прв игран филм „Строго контролирани возови“ од 1966 година, за кого доби Оскар во категоријата најдобар странски филм.
Неговата популарна комедија „Моето мало село“ беше номинирана за Оскар во 1986 година, а многу други негови филмови станаа класици за чешките гледачи и режисери.
Во филмовите, тој комбинираше хуманистички поглед на светот со сарказам и провокативни теми и беше важен учесник во чешкиот нов бран. Како и другите режисери од неговата генерација, Менцел имаше проблеми со комунистичките власти.
Поради провокативноста на неговата сатира „Шева на крајот“, снимена во 1969 година, беше забранета до 1990 година и беше прикажана дури по падот на Берлинскиот ѕид.
Неговите други добро познати филмови се „Криминалот во женското училиште“ (1965), „Каприциозно лето“ (1968) и „Му служев на кралот на Англија“ (2006).